Дом на културата ,,Злетовски рудар” - Пробиштип

Програмско и функционално поттикнување и развој на културата, особено на творештвото на децата и младината на културно-уметничкиот аматеризам
Контакт:

+389 32 482 501

Понеделник - Петок

7:00 - 15:00

Адреса: ул.,,Цветко Тонев”бб

Пробиштип

За нас

Дом на културата ,,Злетовски рудар”

Општинската установа Дом на културата ,,Злетовски рудар” се дефинира како установа која се грижи за програмско и функционално поттикнување и развој на културата, особено на творештвото на децата и младината на културно-уметничкиот аматеризам како и за објавување на културно-уметнички дела, како и за вршење на други дејности од областа на културата согласно со Законот. 
Институцијата е формирана за постојано подигање на културното ниво на населението во градот како и за зачувување на старите, а исто така создавање на нови вредности и истите ги афирмира и презентира пред населението без разлика дали се работи за групи или поединци. 
Поаѓајќи од својата функција утврдена со Закон и Статут во рамките на својата основна дејност ОУ Дом на културата ,,Злетовски рудар“ - Пробиштип ги врши следните дејности:
- Сценско-уметничка дејност;
- Музичка дејност;
- Библиотечна дејност;
Народната библиотека ,,Јане Сандански” која е во состав на Домот на културата, покрај изнајмувањето на книги на големиот број на читатели, има и друга културно-образовна дејност и игра голема улога во културното живеење на општината
- Литературна дејност:
- Драмска дејност;
- Ликовна дејност; 
- Лесновска Ликовна Колонија
 
Далечната 1992 година започнува  приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“. Од тогаш па се до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на нашата општина.
 Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, кои Домот на културата ,,Злетовски рудар“ ги чува грижливо,  со гордост изложувајќи ги во скоро сите Домови и центри за култура.  
Главен покровител на „Лесновската Ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор  е Дом на културата ,,Злетовски рудар“ од Пробиштип.
- Киноприкажувачка дејност;
- Фестивали и манифестации;
- Музејска дејност; 
- Музејот за ретки минерали
Музејска дејност;
Музејот за ретки минерали e единствен од ваков тип во нашата држава. Музејот во форма на кристал е со површина од 108 м2 , во него се изложени над 250 ретки минерали, соберени во текот на повеќе децении од Осоговскиот масив и пошироко во регионот.

Киноприкажувачка дејност
Со реализацијата на проектот за подобрување на ентериерно-техничките услови во киното “Рудар” се овозможи и заживување на киноприкажувачката дејност, со остварување на соработка со кинотеката во нашата држава. Се овозможува организирање на кино-претстави од различни жанрови и различни периоди, како и презентација на најновите филмски остварувања од домашна и странска продукција

Библиотечна дејност
Народната библиотека ,,Јане Сандански” која е во состав на Домот на културата, покрај изнајмувањето на книги на големиот број на читатели, има и друга културно-образовна дејност и игра голема улога во културното живеење на општината.

Ликовна дејност
Ликовната дејност е застапена во Домот на културата со организирање на многубројни изложби на професионални ликовни уметници, но и на аматери, вљубеници во овој вид на уметност. Централно место во овие настани и се дава на ,,Лесновската ликовна колонија” која има меѓународен карактер.

Литературна дејност
Своите активности литературната дејност ги остварува преку работата на Литературниот клуб “Процвет”, преку учество на членовите на литературниот клуб на разни манифестации и тоа гостување на принципот реципроцитет или гостување на поети и писатели од нашата држава.

Музичко фолклорна дејност
КУД ,,Злетовски рудар” го  презентира изворниот и кореографираниот (стилизиран) фолклор  и зема учество на многу манифестации, фестивали како во земјата така и во странство.
Балетското студио ,,Магија“ги негува модерните танци и учествува на сите општински манифестации, државни и меѓународни натпревари како во нашата така и во други држави.

Драмска дејност
Прикажување на театарски претстави, како од професионални така и од аматерски продукции.
.
0
Реализирани изложби
0
Одржани претстави
0
Посети на музејот
0
Ликовни творби
Нашиот тим

Контактирајте не

Работиме на воспоставување дигитална трансформација домот на културата со цел да се донесе промена на  оваа исклучително важна институција.
Сандра Мијалковска
Сандра МијалковскаДиректор
Моника Ангеловска
Моника АнгеловскаПомлад референт сметководител
Татјана Цветковски
Татјана ЦветковскиСамостоен библиотекарски помошник
Марија Трајчева
Марија Трајчева Друг стручен соработник во култура
Донка Петровска
Донка ПетровскаСамостоен референт – главен благајник
Јовчо Симоновски
Јовчо СимоновскиБиблиотекар
Бранка Спасовска
Бранка СпасовскаОдговорен декоратер
Оливера Антоновска
Оливера АнтоновскаСоработник за драмска дејност
Ластомир Апостолов
Ластомир Апостоловхигиеничар

ГАЛЕРИЈА

Погледнете ги нашите активности и посетете не

Login