Дом на културата ,,Злетовски рудар” - Пробиштип

Програмско и функционално поттикнување и развој на културата, особено на творештвото на децата и младината на културно-уметничкиот аматеризам
Контакт:

+389 32 482 501

Понеделник - Петок

7:00 - 15:00

Адреса: ул.,,Цветко Тонев”бб

Пробиштип

Дом на културата ,,Злетовски рудар”

Општинската установа Дом на културата ,,Злетовски рудар” се дефинира како установа која се грижи за програмско и функционално поттикнување и развој на културата, особено на творештвото на децата и младината на културно-уметничкиот аматеризам како и за објавување на културно-уметнички дела, како и за вршење на други дејности од областа на културата согласно со Законот. 
Институцијата е формирана за постојано подигање на културното ниво на населението во градот како и за зачувување на старите, а исто така создавање на нови вредности и истите ги афирмира и презентира пред населението без разлика дали се работи за групи или поединци. 
Поаѓајќи од својата функција утврдена со Закон и Статут во рамките на својата основна дејност ОУ Дом на културата ,,Злетовски рудар“ - Пробиштип ги врши следните дејности:
- Сценско-уметничка дејност;
- Музичка дејност;
- Библиотечна дејност;

Login