За нас
Дом на културата ,,Злетовски рудар”
Општинската установа Дом на културата ,,Злетовски рудар” се дефинира како установа која се грижи за програмско и функционално поттикнување и развој на културата, особено на творештвото на децата и младината на културно-уметничкиот аматеризам како и за објавување на културно-уметнички дела, како и за вршење на други дејности од областа на културата согласно со Законот.
Институцијата е формирана за постојано подигање на културното ниво на населението во градот како и за зачувување на старите, а исто така создавање на нови вредности и истите ги афирмира и презентира пред населението без разлика дали се работи за групи или поединци.
Поаѓајќи од својата функција утврдена со Закон и Статут во рамките на својата основна дејност ОУ Дом на културата ,,Злетовски рудар“ - Пробиштип ги врши следните дејности:
- Сценско-уметничка дејност;
- Музичка дејност;
- Библиотечна дејност;
Народната библиотека ,,Јане Сандански” која е во состав на Домот на културата, покрај изнајмувањето на книги на големиот број на читатели, има и друга културно-образовна дејност и игра голема улога во културното живеење на општината
- Литературна дејност:
- Драмска дејност;
- Ликовна дејност;
- Лесновска Ликовна Колонија
Далечната 1992 година започнува приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“. Од тогаш па се до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на нашата општина.



Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, кои Домот на културата ,,Злетовски рудар“ ги чува грижливо, со гордост изложувајќи ги во скоро сите Домови и центри за култура.
Главен покровител на „Лесновската Ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор е Дом на културата ,,Злетовски рудар“ од Пробиштип.
- Киноприкажувачка дејност;
- Фестивали и манифестации;
- Музејска дејност;
- Музејот за ретки минерали